Македонија

„Патувај Европо“: Дали Ковачевски се откажува од ЕУ?

Дали премиерот Димитар Ковачевски полека се откажува од членството во ЕУ откако денеска владиниот портпарол Душко Арсовски рече дека гледа со симпатиии на предлогот на Макрон за „Европска политичка заедница“.

Предлогот на Макрон го сметаме за одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес конференција.

–  Македонија ја има поддршката од европските партнери кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, а Владата секако го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата – изјави Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување на европска политичка заедница, ќе влијае врз спорот меѓу Скопје и Софија.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.