Забава

Пациент кој ја примил крвта на Заев си го променил името по долгогодишен спор со сосед со исто име

насловна слика

Миливоје Цветковски од Горно Коњаре е човекот што денес, за време на хируршка интервенција во Клиничкиот центар, ја прими крвта која премиерот Зоран Заев ја даруваше денес и само неколку минути потоа поднел барање за промена на името.

Можно е да е слика од еден или повеќемина и внатре

Неговата сопруга за Кооперација објасни дека тој со години имал билатерален спор со комшијата со исто име и за една буква различно презиме, Миливоје Цветкоски, кој поради ова над 20 години одбивал да им дозволи да пробијат пат до нивната куќа сместена во ќор-сокак и го блокирал нивниот напредок кон урбаниот дел од селото.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе кои стојат и внатре

– Не знам што му стана наеднаш. Само се разбуди од анестезијата и ја побара личната карта! Ја зеде, ја искрши на парчиња и ми рече: “Од денес сум Боривоје”…и веднаш заспа. После тоа, отидов во МВР и му ги поднесов сите документи за промена на име. – изјави неговата сопруга.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење, внатре и office

Како што дознаваме, по поднесувањето на барањето неговиот комшија го омекнал ставот околу долгогодишниот спор, меѓутоа еден од другите комшии, отворил нов спор, овојпат за историјата на семејното презиме на Боривоје.

кооперација



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 09:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.