Македонија

Партијата ФРОДЕМ се инкорпорираше во ВМРО-ДПМНЕ

Партијата ФРОДЕМ се инкорпорираше во ВМРО-ДПМНЕ

Денес дел од раководството на партијата ФРОДЕМ официјално се инкорпорираше во ВМРО-ДПМНЕ. По повод овој настан изјава даде Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ.

Тој истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ, ФРОДЕМ наиде на братско разбирање за клучни предизвици со кои треба да се соочи ВМРО-ДПМНЕ и државата, па за таа цел преку ова заедничко делување ФРОДЕМ ќе даде свој придонес во процесот на демократизација како и за победа на претстојните избори.

Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот во Извршниот комитет и Централниот комитет покажаа храброст и доблест да во делот на промените во статутот со цел демократизација на партијата, тема од која другите политички партии бегаат како ѓавол од крст. ФРОДЕМ во разговори со раководството на партијата, наиде на братско разбирање за теми за кои во моментот се предизвик за ВМРО-ДПМНЕ и за државата. Затоа, заедно одлучивме ФРОДЕМ да се инкорпорира во партијата со цел да даде свој придонес во процесот за демократизација, како и во борбата за победа на претстојните избори, додаде Алексовски.

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 22:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.