Колумни

Парите кои од утре ќе ги оставате во Тинекс ќе завршуваат во Косово

Уште една трагедија за македонскиот капитализам
Се сеќавам како дете, Тинекс беше првиот ланец на големи маркети кој отвори свој маркет во Кавадарци.
Маркетот кој се наоѓа на самиот плоштад, во тоа време претставуваше вистинска револуција на пазарот. Претходно моите пазаруваа во маалски дуќанчиња, со Тинекс добивме далеку поголем избор но и пониски цени!
Може да му најдете забелешки на Владимир Тодоровиќ, но човекот направи пионерски чекори во македонскиот капитализам. Каков – таков, овој стандардизиран ланец до денеска претставуваше автентичен македонски бренд.
Од сега па натаму Тинекс ќе биде косовски бренд! Профитот од оваа фирма, ќе завршува негде надвор од земјава. Тинекс од успешна македонска приказна, станува уште едно разочарување на националниот капитал наспроти странскиот. Немам намера да лансирам теории на заговор, ниту сум нешто посебно информиран, но некако интуитивно ми се прави паралела помеѓу прогонот кој обвинителството го правеше врз Тодоровиќ (кој заврши со условна пресуда) и овој купопродажен договор…
Од големите играчи, Веро и Рамстор исто така се целосно странски капитал. Претходно, Кит-Го маркетите карактеристични за источна Македонија, исто така завршија во косовски раце.
Македонски бренд остана уште КАМ, кој мака мачи со притисоци од институциите за исто така да се продаде на косовари… Жиро, Стокомак и Рептил се одлични, но се со далеку помал процент на пазарот.
Нашата политика не ги распродава само националните интереси, го распродава и приватниот капитал!


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.