МакедонијаСпорт

Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација

Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев уште еднаш го искажа своето негативно мислење за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Лидерот на репрезентацијата во изјава за „Студио 10“ на ТВ 24 меѓу редови потенцира дека не му е баш сеедно што беше игнориран од луѓето кои го предводат македонскиот фудбал, за кои смета дека треба да бидат сменети.

Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме, изјави Пандев.

Големиот фудбалер смета дека во македонскиот фудбал има премногу политика, што влијае и врз резултатите.

Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот, дополнува Пандев.

Повеќе за размислувањата на најдобриот на сите времиња кај нас прочитајте ТУКА.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.