Македонија

Пајазити: Ако оди со Ковачевски, СДСМ тешко ќе стаса до 61 пратеник и мандат за формирање влада

Новинарот Насер Пајазити смета дека Алтернатива е независен политички субјект, кој сам одлучува, но нагласи дека таа направила промена во своите ставови за 360 степени со разговорите за да влезе во Владата.

Тоа е многу парадоксална одлука. Гледаме дека јавноста тешко го прифаќа овој пристап на Алтернатива да влезе во Владата. Но, од гледна точка на политичките игри, ДУИ е победник во сите овие игри, бидејќи таму Алтернатива ја игра улогата на превентивен фактор за да се одржи непроменета состојбата истакна Пајазити во дебатна емисија на ТВ Шења.

Пајазити рече дека, според комбинаториките, СДСМ без пратениците на Беса има 43 пратеници, додека ВМРО ДПМНЕ има 44 пратеници.

Ако оди со Ковачевски, СДСМ тешко ќе стаса до 61 пратеник и мандат за формирање влада, рече тој.

Според него, Алтернатива ќе ја има истата судбина како и Беса, наспроти ДУИ и СДСМ.

Ова е игра на премиерот, до 15 декември да имаме ситуација во која ќе се види дали ќе добиеме датум за европреговорите. Исто така, Заев може да игра игра и за да бидат во состојба да одат на избори. Се зборува дека токму ДУИ ќе ја игра таа игра, за да се оди на избори, смета Пајазити.



Македонија

Заболени
252,947
+2,071
Мртви
8,177
+11
Излечени
225,056
Активни
19,714
Last updated: 22/01/2022 - 00:45 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.