Колумни

Па шо ни фале на нас, бе, Зајко, со време да почнеш да не напикуваш по државните служби,

А мачкат ли на леб борбата против корупцијата?

Па шо ни фале на нас, бе, Зајко, со време да почнеш да не напикуваш по државните служби, по петстотин членове секој месец, да не са виде ачик шо правеш, новинарето да не цркат. А ти, гулемец са правеш, уф Брисел, Вашингтон, Берлин, Лондон невестата ја армасуваш. НАТО ќе ве бране, Европа ќе ве хране. Краставици криви! Шо видееме ние од НАТО. Цефката од топо!

Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ

Па зарем е можно Заев мува да не го лази за сите непотистички скандали што му се случуваат, додека Македонија граби со гуливеровски чекори кон НАТО и во Брисел е веќе прогласена за европска ѕвезда на сезоната? Зарем е можно онака ладнокрвно, премиерот да ги прима ударите од јавноста и од видни борци против режимот на Груевски, кои ужаснати од најновиот корупциски циркус велат дека на наредните избори нема да гласаат зашто и СДСМ е обична багра, а не партија која вети дека ќе владее одговорно и отчетно, со дикат и со усул, а не фамилијарно!

Не, Заев не е политички тапан. Знае човекот дека сето ова што го прави со вработувањата и мрсните фотелји за ќерки, синови, браќа, снаи, јатрви и баџанаци на пратеници, министри, државни функционери, е расипано до коска, како симнато од најгнасните хорор-филмови на груевизмот, ама еве што му вели есапот.

ОБРААМЕ ГО БОСТАНО, СОСЕ КОРНИШОНИТЕ

Рејтинго на СДСМ и така и така е тапа-џонсон. Никој не се радува на Норд Маседониа, дури ни тие шо не сакат да го видат сурато на пастиро. Ги амнестирааме пучистите од 27 април ама ни се налуте половин Шарена револуција. А бе на мен главата ми ја сокапаа и пак не се бунтувам…

И пастиро џенем ни фана. Резил. Оливер не е знајал дека џандарето не го пазат 24/7. А шо е знајал? И шо е работел со пендреко? Пиле не е можело да прелета од Македонија, а крокодили ни бегат од пред очи и ни се плазат со јазико од Будимпешта!

Им простииме на Бетка, Крсто и компанија, ама ги изневерииме илузиите на народо. Година ипол сум на власт а моторо на четири тркала го терам со истушени гуми. Море двете предни на бандаж се. Не лафам за моторо на четири тркала со Вицето шо го тераме по баирите во Струмица. За моторо на владата лафам. Фер инаф?

Пари – нема, со шо ќе ја покријам цената шо ја платииме за членството во НАТО? Со чушките и со ајваро? А и ваа Меркел, ми пратила експерти да ме учат и да ме советуват, ама евра не дават. Па на мен ум не ми фале. Ќе ни монтирале диферент мајндсет. Шио ми га Ѓура. Не умри магаре до зелена трева. Море дај нешто да не крене од пепелта, фрли некој кредит од половин милијарда бескаматен или нешто мач бетер, неповратен.

Економијата допрва ќе е излезела од хибернација. Мај ес. Ај да го видам и тоа чудо. Миракули. На грозоморта. Така ли беше романо на Славко Јаневски шо не го знае оној шо го е лустрирал, а сака антикорупционер да чинува? А вам ни шура, ни баџанак е на некого.

Сугаре ме заглави со Кинезите, а ќор автопат не изградииме. Миле Че барем кинески лафеше, а моиве ајвани ора по тунели играт. Тенекии. Кочо, Башановиќ и компанија ме мотат каа сајла од сканија. Те гугл само шо не е доаѓал во Македонија, те мерцедес тука ќе правел кабли. Саа ќе доат, после ќе доат. Да фатам да и врзам со каблите за нозете и така да висат додека не доат. А каа ќе доат, не се знае. Обрааме го бостано, сосе корнишоните.

НА ПАЗАРО УФ ВАСИЛЕВО ТАКА НЕ СЕ ПАЗАРЕ

Најмногу ме глодат хиените. Море забрале ми се пратеници, министри, јавни функционери, владини и општински советници. Али, Гаши, Зекир, Амди, Емилија, Мира Дизел… сите ме рекетират. Каа Ноле Ѓоковиќ на Аустралијан Оупен. Ме ударат со дршката од рекето, главата ми ја натапанија. Далаверџии. Дале поддршка за владата и за договорот од Преспа. Топки дале. Ја да не бев, на Грујо ќе му се молеа каа на Буда. И дебело сакат да наплатат. Фотелји за швалерки, за снаи и зетовци, море тендери барат. Кој на крупно, кој на дребно. На пазаро уф Василево така не се пазаре. Отвориле устите – триумфална капија. А членовете на СДСМ чекат цела деценија и немат за леб и манџа. Маалее!

Дамјан, да го жалеш, да го плачеш, само болно ја кажува суровата вистина. Десет години со книшка на СДСМ не можеше да припариш до државна работа, море до копач на нива не можеше. Работа во канцеларија во општина или во министерство – Илужн. Фотелја во јавно претпријатие – Сајанс фикшн. Соголеа не до коска. Ако не бутнам на државни јасле барем пет шест илјади членове и активисти, ќе го онадееме ежо, и тоа дебело. Може оште на претседателските избори. Зашто, во партијата ми викат – нема повече молерисување. Еве шо лафат.

„Молчееме додека ти, Зајко, ја црташе гулемта слика за Македонија. Во Преспа лапаате пастрмки со Ципрас и со Коѕијас, а ние дремееме гладни и жедни пред локалните партиски канцеларии. Смрзнааме од страв дека тврдокорните ќе не напикат уф контејнеро. Ти и Вицето правеете алаш-вериш со пратеници уф парламенто и делеете шаком и капом, кому слобода, кому фотелја, кому тендер, а ние на сув леб и вода бееме.

ДОСТА БЕ ЗАЈКО САЛТАНАТИ ПРАВЕШ

Додека твојта Зајковица со ќерката на Инстаграм си се сликува и по белио свет шопингува, те уф Франкфурт на Мајна, те уф Прилеп на лајна, а ти уф Гармиш Партенкирхен са ладеш, ние лајкове ви ставааме. Десет лајкове по социјалдемократска фамилија. Е убаво, знаеме дека тоа го правеш со твои пари, не го арчеш буџето, ама теб ти е лесно. „Мамас“ ти работе, Вицето ти лихвари по Струмица и по околијата, оџако тебе ти чури, а наште дечица дома за бред анд батер цркат. Нема повече да шупотиме, ќе крештиме на глас.

Ти чинееме цела година, врни се бе Зајко дома, види не какви сме, да не подоправеш и ние чорбаџии да станеме, не сал овие тврдокорните да лапат телешки дробчета со државна плата. Па шо ни фале на нас, бе, Зајко, со време да почнеш да не напикуваш по државните служби, по петстотин членове секој месец, да не са виде ачик шо правеш, новинарето да не цркат. А ти, гулемец са правеш, уф Брисел, Вашингтон, Берлин, Лондон невестата ја армасуваш. НАТО ќе ве бране, Европа ќе ве хране. Краставици криви! Шо видееме ние од НАТО. Цефката од топо.

И саа, уф февруари са врате, избори идат, ама шо завари, голтар до голтар уф партијата. Гласове бараш. Оди барај гласове сега кај Мијалков и кај Крсто. А ние, ако не ни дадеш работа, ќе ти улеземе уф фабриката и со ајваро ќе почнеме да ја мачкаме општината. Море и Владата. И теглите од главата ќе ти и сокапеме.

Доста бе Зајко салтанати правеш, научииме те дека таламбаси на голио газ само ставаш и магии ни чинуваш. Шо фајде од знамето на НАТО пред влада? Знаме ка знаме, сал се мае. Мож и на куро да го ставеш да се мае, еписи бир. И американско знаме да ставеш и европејско, знаме леб не месе.“

Е НЕ, ШАРЕНИТЕ СА ЗНАЈАЛЕ ШО Е ЖИВОТО!

Ете, това ти е другаарче. Така ми лафат членовето. Знам дека работата е врвка, море асли сиџим е од турска чаршија купен, ама шо да се праве, да се обесам ли со сиџимо? Скокнааме уф ладната вода и саа ќе пливаме. Ако не не бива, ќе мафтаме со рацете, мож ќе научиме. Ноубади ис прфект.

Затова нема друго чаре, ами на сите да им чинам шо барат. Кој ќе клате врата уф антикорупциска, која ќе си бели образите уф министерство, која ќе си лади чантата уф влада. Милиони за албански танец, бујрум. Директорска фотелја уф јавно претпријатие – евала. Ќерка уф ЕЛЕМ, снаа уф МЕПСО – Јес сер. Фестивал на албански џез… Свири другааарче, а ни дупка на кавало немат. Море ДУИ и Беса џем сејшн ни прават. Соблечееме и гаќите и саа ќе не работат. Танц ќе играеме оште. Не онадат, па пози ни менуват.

Али е бил арачлија. ДУИ-џиите не сме ги арестувале, дваесе години са лапале од чекмеџето на Македонија. Вии саа. Мора да се ќуте и да се работе за народо. Живото не стигнува леко каа шо се мисли. А медиумите цркат, невладините џафкат. Непотизам и корупција са царувале. Нека цркат, другаарче, медиумите не са гласачи. Гладните членове на СДСМ и семејствата им, треба да излезат и да гласат.

Е не, шарените са знајале шо е живото. Борба против корупцијата, правда… А мачкат ли на леб борбата против корупцијата? Не а мачкат. Правдата са јаде ли? Не са јаде. А членовете на СДСМ сакат да кркат, друже. Капиши? Не са измислиле оште лек против апетит. Интелектуалците са надуриле, не е имало реформи уф администрацијата. Е не е имало, де. Вотевер.

Европа ќе е барала ветинг уф судството, петинг уф тајните служби, скрининг уф држаавта… А ние на митинг за изборите треба да извадиме 30.000 народ. Од дека ќе дојде народо, ако не се нахране. Брисел немало да ни даде дата за преговорите. Абе законите и донесееме, шо сакат саа. Северно племе станааме, сос Грците се посватииме, Бугарите ни станаа и мајка и татко… Ќе чинуват, ќе пустат, Северна Македонија ќе почне официјално да лафе со Европејската унија до декември. Железни опинци ќе обујам. Уај нот?



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.