Балкан

Па нели добивме датум за преговори со ЕУ❓🤔 Кратки и се нозете на лагата!

Фотографија на Зоран Апостоловски.

МКД.мк објавува изјава на официјална Софија во врска со заклучоците на Советот на ЕУ, во која се условува одржувањето на меѓувладината конференција, а министерот Димитров изјавил за порталот дека вакви условувања се косат со европските вредности

Македонија ќе мора да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, ќе мора да заборави на „македонски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да ја заврши работата со експертската Комисија за историските прашања… ако сака да продолжи со преговорите за интеграција со ЕУ. Ова, како што јавува МКД.мк, се делови од изјава на Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширување, с

Во разговор за МКД.мк, министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека „никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет во преговарачката рамка за пристапување кон европското семејство“.

Оваа изјава на Бугарија што ја објавува МКД.мк, станала дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и одлуката за почеток на преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува усвојувањето на преговарачката рамка од што зависи одржувањето на првата меѓувладина конференција за Македонија и за Албанија.

Бугарија во оваа изјава, како што се пренесува, повикува на доследно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и укажува на „неговата важност во отворањето на патот кон европска и евроатлантска интеграција на втората страна“. Во изјавата во воведните напомени се наведува дека спроведувањето на Договорот во голема мера е блокирано од ноември 2019 година, поради „едностраната одлука на Северна Македонија да го суспендира на неодредено време учеството во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања, формирана според чл. 8. 2. од Договорот“.

Кон крајот на март, лидерите на ЕУ ја потврдија одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Лидерот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев тогаш изјави дека одлуката за преговори со ЕУ е безусловна. За тоа што не е закажана меѓувладина конференција, Заев рече дека тоа е поради кризата со коронавирусот. Евроамбасадорот во Скопје Самуел Жбогар, пак, рече дека очекува до јуни да биде подготвена предлог-преговарачката рамка во која ќе биде вклучена новата методологија, по што ќе биде закажана и првата седница меѓу владите на Северна Македонија и на ЕУ.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 09:41 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.