МакедонијаТОП

Овој шизото Оливер паланечки ќе го мењал Мицкоски зашоо го дупчите бее зашо бе Грујо такви стресови им праиш на глупандериве заштооо Оливер што сите му се смеат што е глуп

t

Покана до медиумите за прес-конференција што ќе се одржи утре, денеска испрати поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов, кој остана запаметен кога беше избран за министер и на функцијата остана само еден ден, како и по изјавата дека не го известиле кога го поставиле за директор на ЈП „Јасен“.

„Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема: “Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција”. Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, пишува во поканата што до медиумите ја испрати Андонов.

Нема информација за тоа кои други членови на партијата се дел од фракцијата.

Андонов вчера, во колумна на напиша дека „поголемиот дел од нацијата е во тешка апатија и безизлезност“, од која „ дури и високи функционери (поранешни и актуелни) од ВМРО-ДПМНЕ, не верувајќи му на Мицкоски, не гледаат излез, но веројатно им недостасува и храброст да се спротивстават на апатијата и безизлезноста“.

„Време е за промени, за вистински личности со интегритет кои ќе ја вратат надежта и иднината во Македонија. Што би рекле, време е за мажи во политиката со јасна идеја и визија за Македонија, за сите нас, пред дефинитивно апатијата и срамот да не убијат како нација, но уште повеќе и како личности“, напиша Андонов.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.