Колумни

Овде ако се знае кој на каде тера, јас глава сечам!

Овде ако се знае кој на каде тера, јас глава сечам!
Втор успех на Арсовска, после нивелираните шахти – го разрешува БРАТОТ на човекот што пукаше, иако „професионално и добро ја извршувал функцијата“. Каков аматерски политички потег, просто не ми се верува!
Сега пак, се јавува Таравари, Арсовска требало да го консултира пред да разреши директор на јавно претпријатие. Пази богати, зошто? Директор на јавно претпријатие е човек на политичка или на јавна функција?
Каква лакрдија е ова само, какво јавно бламирање….

Таравари: Ако е разрешен директорот на „Комуналец“, завршува нашата приказна со Арсовска

Можно е да е слика од 1 лице и текст

Доколку е точно дека е разрешен директорот на „Комунална хигиена“, ќе побарам од претседателството да ја прекинеме соработката со Данела Арсовска, кажа Арбен Таравари од Алијанса на Албанците во гостување утрово на ТВ 24.

„Јас не знам дали е разрешен, ако е разрешен мислам дека тука завршува нашата приказна во Скопје, оти за да се разреши треба градоначалничката прво барем да нè консултира нас. Ова го зборувам лично, меѓутоа, денеска ќе имаме и партиски состанок, јас лично ќе побарам од претседателството, мислам дека овде завршува нашата приказна во Скопје со Данела Арсовска. После 12 навечер да разрешува директори, без да се консултира, тоа е неприфатливо“,

кажа Таравари.

Тoj смета дека вчерашниот инцидент кај плоштадот на споменикот на Скендербег е провокација.

„Јас ги разбирам демонстрантите од македонските партии и тоа е сосема легитимно, меѓутоа, логично е да протестираат пред институции, но протести да има и пред приватен хотел или во населба каде генерално живеат Албанци, ми изгледа провокативно. Ако ги видите ексклузивните видеа, не е дека не протестираат таму, хотелот една вечер претходно е демолиран од демонстрантите и тоа е пријавено во полицијата. Зошто баш овој хотел не ми е јасно. И вчера одредени луѓе одеа таму по вторпат да провоцираат. Јас не оправдувам оружје, меѓутоа, па и дома кај вас да дојде некој вандалски да се однесува, јас мислам сите сме луѓе и сите би реагирале“,

вели Таравари.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.