ЖивотСекс

Оваа жена не старее: Светлана Црнокрак во купаќи на плажа, а откри и која и е вистинската професија sex i samo sex

Светлана Црнокрак, е една од нашите нјасредени и најубави жени. Таа беше .долгогодишна манекека, а сега сопственик на студио Црнокрак.

-Успешна жена… Јас секогаш велам дека секоја жена треба да се почитува и да се цени пред се себеси. Доколку тоа го нема, се друго е неуспешно во животот.

Успешната жена не треба да биде само успешна во кариерата, туку и во семејеството и на сите полиња што ја окружуваат. Доколку жената е среќна и е исполнета во она што го работи, мислам дека успесите сами си доаѓаат. Нормално, добрата организираност и поддршката од семејството е секако многу потребна“, изјави таа во интервју за Фешнел.

Светлана како што е познато му е сопруга на Мики Црнокрак, и имаат две ќерки, Нина и Моника. Моника веќе учествувала на избори за убавина и оди по стапките на својата мајка.

– Како и секоја тинејџерка сонував да зачекорам на модните писти, да се најдам на насловна страница и да бидам дел од некој престижен избор на убавина. И се разбира ми се оствари и тој сон.

За прв пат на мои 18 години учествував на избор за убавина, Мис на Македонија. Тоа ми беше еден вид отскочната даска во мојата кариера. Запознав луѓе кои ми ги отворија вратите во светот на модата.

Иако ќе кажам дека тоа време беше многу потешко за разлика од сега, бидејќи тоа време кај нас не постоеја модни агенции, туку самите се грижевме околу нашите ангажмани.

Имам учествувано и освојувано многу титули на изборите за убавина, особено на интернационалните, каде што навистина бев горда како амбасадор на македонската убавина“, рече Светлана во интервју за Хибрид.мк.

– Со Мики се запознавме токму на модна ревија. Заедно работевме. Уште од самиот почеток на нашата љубов, најискрено си помагавме и си ги кажувавме своите недостатоци доколку ги имаше.

Така функционираме и сега во однос на работата. Убаво е кога сме и двајцата во иста бранша и мислам дека кога едниот не би го работел истото(бидејќи оваа работа е специфична) можеби би имало повеќе проблеми.

Жолтиот печат го прифативме како дел од нашата работа и мора да е присутен, но сепак во граници на нормалата. Меѓусебното разбирање, љубовта, почитта, толеранцијата се и двигатели на нашата долгогодишна љубов, а како плод на тоа се и нашите две принцези Моника и Нина“, рече Светлана во истото интервју.

Таа во интервју за Фешнел, откри која е всупшност нејзината вистинска професија.

-Можеби многумина не знаат, но јас завршив средно медицинско училиште и по професија сум акушерка и тоа ми е една неостварена желба што не значи дека нема да се оствари.

Јас секогаш си велам дека има време, сега сум се уште во модата, но сакам да го работам тоа, бидејќи ги сакам бебињата и децата и тие навистина ме исполнуваат“, рече Светлана.

Црнокрак објави слика од плажа во костим за капење, и на неа покажа дека изгледа исто како на модниоте писти кога била помлада.

Оваа жена не старее, а елеганцијата и убавината се нејзин заштитен знак.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.