Црна Хроника

ОВА СО ЛЕДИКОМ И ДРОГАТА ДО КАЈ СМЕ ШТО ЈА ФАТИВТЕ?

Abe ledikom sto gi fatija so droga go krijat od mvr Neli imase deka fatena golema droga vo aerdorom

ЧИСТО ДА ПРАШАМЕ ДА НЕ СЕ ЗАБОШОТИ И ЗАБОРАВИ КАКО И СЕ ОСТАНАТО НЕЛИ ФАТИВТЕ ДРОГА На ЛЕДИКОМ Е ПА ДО КАЈ Е АКЦИЈАТА?

Нова акција на ДЕА во Македонија – фатена голема пратка на дрога која влегла преку скопскиот аеродром

Пратка од неколку стотици килограми наркотици во петокот била пресретната движејќи се од аеродромот Петровец кон конечната дестинација, дознава Инфомакс, од сопствени извори.

Според информациите, се работи за пратка од неколку стотици килограми синтетичка дрога која била спакувана во кутии од делови за мобилни телефони. Нарачката на деловите за мобилни телефони била направена од една позната скопска мобилара.

Информациите за Инфомакс зборуваат дека во овој случај на шверц со дрога вмешани се и царински службеници и полицајци вработени ГП Север.

Пратката била одобрена да помине на царина без проверка, по што во акција на полицијата била пресретната додека се упатувала кон конечната дестинација.

Од МВР потврдуваат дека имало таква акција, но засега одбиваат да коментираат во детали со оправдување дека акцијата е во тек.

Неофицијално, со акцијата раководи американската агенција за спречување на трогвија со дрога – ДЕА.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.