Занимливости

Ова мора да го знаете: Кога купувате половно возило, како да проверите дали имало несреќа?

Плацевите се полни со автомобили, некои со одличен изглед, но сомнителни сервисни книшки... Отворете „четири очи“...

При купување на користен автомобил секогаш е добро да се знаат некои работи што треба да се проверат бидејќи постои можност да се наиде на некои замки кои потоа ќе ве чинат многу повеќе отколку што навистина вреди автомобилот во состојбата во која се наоѓа. A сега плацевите се полни со автомобили, некои со одличен изглед, но сомнителни сервисни книшки.

Затоа е добро да се знае дека лошата страна при купување на половен автомобил секогаш се неговите години, како и фактот дека пред вас се наоѓа возило кое имало еден или повеќе сопственици и секој се грижел за него на свој начин. Секако треба да се знае кога да се смени маслото во менувач и како да се препознае кога е време за тоа? Но, некогаш изгледот всушност прикрива доста недостатоци.

Во овој поглед, колку автомобилот е постар секогаш постои поголем ризик дека претрпел некоја сообраќајна несреќа. И додека некои сообраќајни несреќи се безопасни, други можат да влијаат сериозно како на безбедноста на возилата така и на неговата вредност.

При купување на половно возило мора да се препознаат знаците на претрпените штети, за да може да се донесе исправна одлука. Во продолжение и неколку од знаците кои треба да се имаат предвид.

Кога се забележува некое отстапување?
Одете околу автомобилот и проверете ги празнините меѓу вратите, панелите на каросеријата, капакот од багажникот, браниците, заштиниците од кал. Секој од овие отвори треба со целата своја должина да биде од иста големина и пропорционален во однос на други такви отвори. Доколку некој од нив е диспропорционално помал или поголем во однос на други такви отвори на втомобилот тогаш тој дел од возилото би требало да се испита подетално.

Произведувачите на автомобили вложуваат доста труд за да може сè на возилото да изгледа перфектно израмнето, а доколку изгледа дека не е тогаш постои голема шанса дека нешто му се има случено на тоа возило.

Проверете ја сомнителната област за да воочите евентуални непоклопувања во бојата и другите значи на оштетување. Доколку има јаз во близина на вратата, хаубата или багажникот отворете ги и од внатрешната страна побарајте дополнителни докази кои укажуваат на несреќа.

Неконзистентност на боите
Сите панели од кои е составена каросеријата на автомобилот, би требало да бидат во иста боја, со ист тон и сјај на лакот. Ако е забележително дека бојата на некое место отстапува од вообичаеното тоа е сигурен знак дека нешто дополнително е правено на тој дел од автомобилот. Вообичаените места каде што може да се манифестира несовпаѓање на бојата би можеле да се браниците, како и контактите околу вратите.

Со оглед на тоа што на другите делови од автомобилот браникот е полесно да биде заменет отколку квалитетно да биде пребоен оваа постапка би можела да биде причина за разликување во бојата на возилот и да се откријат зафатите кои се преземани на возилото.

Доколку забележите несогласување во бојата на делови на каросеријта побарајте објаснување од продавачот, а доколку не го добиете тогаш подобро држете се настрана од таков автомобил.

Искривена рамка
Никогаш не му верувајте на оној што же ви каже дека ја поправил рамката на возилото и ја вратил во првобитниот облик. Виткањето може само да го ослаби и да го направи потенцијално опасен.

Пукнатина на шофершајбната
Овој знак бара претходна анализа со оглед на тоа што сите пукнатини на шофершајбната се индикатори за несреќа. На пример, пукнатина која изгледа како „пајакова мрежа“ и која се протега од ивицата кон средина на стаклото, веројатно е последица на несреќа. Од друга страна, пукнатината на истиот облик која се движи од средишниот дел на стаклото веројатно резултирала од предмет што удрил во стаклото во текот на возењето.

Сепак, која и да е причината за пукнатината, шофершајбната, оставена во ваква состојба е знак дека сопственикот го нема одржувано возилото. Поправката на стаклото спаѓа во едноставните поправки, и ако не бил во состојба тоа да го порави, можеби прескокнал и многу други поважни работи.

Недостасуваат прицврстувачи
За време на подолг период од користењето на автомобилот, не е невообичаено да се загуби некој од прицврстувачите. Сепак, неколку алки кои недостигаат или штрафови, може да бидат лош знак. Доколку на местото каде што би требала да биде алката биде поставен штраф, тоа е знак дека после некој зафат не е сè израмнето како би требало да биде и на местото на оригиналната алка е искористен штраф за да може склопот и понатаму да остане прицврстен. Вообичаените места каде што може да се случи некои од прицврстувачите да недостигаат се простори за вовлекување на тркалата, контактите со вратата и каросеријата, спокјите на штитниците од кал и рамката на возилото.

‘Рѓосани штрафови
При изградба на автомобилот, произведувачите користат алати со чија помош не доаѓа до оштетување на бојата на врвовите на завртките. Поголемиот дел од механичарите не располагаат со вакви алати и се принудени да ги оштетат прицврстувачите при вадење што отвора простор за појава на рѓа.

‘Рѓосаните штрафови се знак дека тие биле веќе вадени, а потоа вртени на местото во некој момент после првичното поставување.

Сплит фарови
Куќиштата на фаворите се прават од пластика која со тек на времето добива заматен изглед. Доколку забележите дека еден фар е чист, а другиот има пожолтено, јасно е дека само еден неодамна бил заменет. Иако сопственикот кој сака нешто да прикрие би можел да ги замени двата фара за да не би делувале неурамнотежено, секој не го прави тоа.

Доколку ја забележите разликата меѓу фаровите, кренете ја хаубата и проверете ја состојбата во позадината на фаровите. Доколку било несреќа, доказите ќе ги воочите на тоа место.

Лоша состојба на идентификациските таблички на возилото
Еден од полесните начини да се провери дали автомобилот претрпел несреќа е да се провери во која состојба е идентификациската табличка.

Некои сопственици на оштетените автомобили прават трик за да ја поправат плочката и со тоа да го продадат автомобилот на неискусен купувач. Единствената проверка на состојбата на табличката може да открие дали автомобилот бил удрен или потопен



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 07:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.