БалканЦрна Хроника

Ова го нема ниту на филм: Во Лесковац е пронајдено тело на маж забетонирано во столб на куќа, го убила сопругата со љубовникот, а потоа се самоубила

Полицијата во Лесковец објави дека истражувајќи го самоубиството на 38-годишна жена од Велики Трњан кај Лесковац, открила тело на маж забетонирано во столб на куќата.

Телото е дадено обдукција и истрагата е во тек, но медиумите јавуваат дека неофицијално се работи за сопругот на сега починатата жена, за кого се верувало дека е на работа во странство.

 

Сомневањата се дека таа го убила заедно со својот љубовник пред три години и го забетонирала.

Многу успешно ги излажа семејството и децата дека отишол да работи некаде во странство и дека ќе разговара со него. Откако, се самоубила, љубовникот отишол во полиција и признал се, наведува за Нова.рс извор близок до истрагата.

Телото на 38-годишната жена вчера било пронајдено во помошен објект во дворот од нејзината куќа, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило пред неколку дена.

Наредена е и обдукција на нејзиното тело за да се утврдат причините за смртта, но сомневањата се дека извршила самоубиство.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.