Свет

Ова е судијката која гласаше против казната доживотен затвор за Ратко Младиќ

Ова е судијката која гласаше против казната доживотен затвор за Ратко Младиќ

Судијката која претседаваше со жалбениот совет за Ратко Младиќ, со своето мислење се издвои и беше против потврдување на доживотната казна затвор за поранешниот лидер на босанските Срби. Мислењето зошто не е убедена во оправданоста на пресудата и казната Судијката го објаснува на 60 страници, пишува „Гардијан“.

Ратко Младиќ доби пресуда за доживотен затвор кога жалбениот совет ја потврди првостепената пресуда по која тој беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница, за прогони на Бошњаците и Хрватите и за злосторства против човечноста. За дела на подрачјето на Хрватска не одговараше.

Во жалбениот совет беа судии од Замбија, Зимбабве, Уганда и Мароко. Судијката која се противела на осудување на Младиќ, Приша Матимбе Нијамбе е од Замбија.

Таа и на судењето на Здравко Толимир го оспорувала геноцидот и тврдела дека војната во Босна и Херцеговина била граѓанска. Во издвоеното мислење наведува дека на Младиќ треба да му се повтори судењето пред друг судски совет.

Таа пишува и дека Младиќ ги задоволил високите стандарди и укажал на главните грешки на претресниот совет, додавајќи дека би му ги усвоила сите жалби.

Приша Нијамбе е родена 1951 година во Замбија. Од 2006 година е судијка во тамошниот Врховен суд а од 2011 работи во Меѓународниот суд. Течно зборува неколку јазици, меѓу кои го има наведено и англискиот, иако не звучи баш така, забележува Гардијан.

За претседавач на жалбениот совет во случајот наа Младиќ била поставена од францускиот судија Жан Клод Антонети, познат по контроверзната ослободителна пресуда за Војислав Шешељ.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 22:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.