Забава

ОВА Е МНОГУ ЈАКО, САМО ЉУБЧО МОЖЕ ДА СМИСЛИ ВАКВО СООПШТЕНИЕ – ВМРО-Народна: Да се подигне споменик на Велимир Прелиќ, кој бил убиен од Мара Бунева

– На денешен ден, 13 јануари од страна на „пробугарската“ платеничка, тетовчанката Мара Бунева беше убиен Велимир Прелиќ, голем хуманист, почитувач и заштитник на Македонците. Господинот Велимир Прелиќ беше испратен од страна на кралот Александар Караѓорѓевиќ да го заштити македонскиот национален идентитет и да го прошири македонскиот јазик во училиштата. Велимир Прелиќ исто така потсетува за „убавото време на Македонија“ меѓу двете светски војни, како што е запишано во целата наша историографија, на големите слободи и хармонија во која се живееше во истиот цел тој период сѐ додека таа македонска еманципација не ја прекинаа бугарските окупатори. ВМРО-Народна партија предлага да се подигне споменик на Велимир Прелиќ за овој познат миротворец, затоа што семето кој тој го има посадено во Македонија очигледно фатило цврста почва па затоа денеска ние се чувствуваме повеќе како наследници на неговото отколку на делото на сите негови жртви – се наведува во соопштението од партијата.

Инаку Веклимир Прелиќ бил командант на полициските сили во Скопје и бил озлогласен тиранин кој затворал цивили во подруми каде ги тепал до смрт.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.