Живот

ОВА Е ЕДНА ОД МНОГУТЕ ЖРТВИ НА ГРУЕВИЗМОТ ЗА КОИ ДОПРВА ИМА ДА СЕ ПИШУВА И РАСКАЖУВА

ОВА Е ЕДНА ОД МНОГУТЕ ЖРТВИ НА ГРУЕВИЗМОТ ЗА КОИ ДОПРВА ИМА ДА СЕ ПИШУВА И РАСКАЖУВА: Режимот на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ му одзел 15 шлепери, му скршиле куќа, го апселе со цела чета специјалци, му направиле штета од 400 000 евра, само затоа што бил член на СДСМ, морал да емигрира со цела фамилија во Исланд!

Ова е Нафи Абдиоски, човек кој пред да му се намерачат Груевци имал капитал од 400 000 евра, над 15 шлепери за транспорт и фирма за трговија со дрва, Три Реки.

Но поради тоа што бил член на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ му земало се и морал да бега со целата фамилија дури во Исланд!

Бил апсен со специјалци, и тоа над 100 специјалци, му било барано мито од 200 000 евра, му било барано да ја зачлени цела фамилија во ВМРО ДПМНЕ и да донесе вкупно сто гласови за да се спаси, но тој тоа го одбил и затоа бил СОТРЕН по брза постапка!

Целата драма се случувала во 2012-та кога полицијата му влетала дома преку прозори скршила и прозори и врати и го уапсила и му запленила над 15 камиони и дрва, за потоа кога си ги барал назад да му кажат дека немало записник што му било земено и затоа нема ни што да му се врати?!

Кога се жалел зошто му ја скршиле куќата при апсењето, внатрешна контрола при МВР се правеле наудрени.

Кога успеал да емигрира во Исланд, и кога им објаснил таму на властите што му се случило, го прогласиле за азилант и херој и му понудиле сета можна државна помош од Исланд.

Како одмазда за тоа што му се случило, успеал да собере околу 1000 гласови за Зоран Заев на последните парламентарни избори, сето тоа преку телефон и при повремените доаѓања во Македонија.

Сега вели дека ќе ја бара правдата на суд и ќе бара оштета од државата во вредност од пола милион евра за сите штети што ги претрпел од режимот на Груевски!



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:30 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.