Од ЈП Комунална хигиена-Скопје укажуваат дека и покрај континуираните активности за расчистување, во реонот на населбата Топаана речиси секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот .
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија над 60 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана во скопската општина Чаир, во населбата Топаана, на крстосницата меѓу булеварот „Македонско-косовска бригада“ и улицата „Џон Кенеди“. За расчистување на депонијата беа ангажирани 10 работници на терен, со употреба на специјални комунални возила – подигнувач, багер и две патарки.
Од ЈП Комунална хигиена-Скопје укажуваат дека и покрај континуираните активности за расчистување, во реонот на населбата Топаана речиси секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни и сообраќајни површини.
Во текот на првата половина на годината, екипите на претпријатието подигнале приближно 6000 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на Градот Скопје.
