Балкан

OТИДЕ И ГОЦЕ И ЈАЗИКОТ. Заев: Разговарав со мојот брат Борисов, има начин како да се решат разликите

ЕУ како и за сите и за нас ова прашање го смета за билатерално, но тоа не значи дека не треба да направиме напори за решавање на проблемот. На тоа интензивно  работат министрите Бујар Османи и Екатерина Захариева.  Драго ми е што Бугарија изјавува дека останува наш поддржувач на патот кон ЕУ и јас лично сум ангажиран.  Верувам дека процесите ќе се одвиваат позитивно иако можно е да нема меѓувладина конференција, рече премиерот Зоран Заев на прес конференција по онлајн средбите со челниците на ЕУ.

– Постојат соодветни алатки и начини на решавање на ова прашање со јавна изјава, со писмена изјава, со декларација, со договор, анекс на договор и слично, а да не биде договор на договор. Ние имаме одличен договор кој беше основата за да се постигне и Преспанскиот договор. Во самиот договор има храбри исчекори од двете страни, зборувања за двата народи, за нашиот македонски народ, потпишани на нашиот македонски јазик, а секако зборуваме и за заедничката историја –  рече Заев, во одговор на прашање на денешната прес-конфереција во владата.

Тој посочи дека тоа се храбри чекори кои се направаени од бугарска и од македонска страна и додаде дека во договорот е детално опишано како во иднина да се пронајдат сите заеднички атрибути од заедничката историја за, како што рече, да не сплотуваат и да го градат добрососедството и пријателството и да ја унапредуваат соработката.

Не верувам дека постои подобар договор меѓу Северна Македонија и Бугарија што би можел да се постигне и верувам дека тоа го знае и бугарската страна, а ние го знаеме како македонска страна. Постојат начини како да се решат разликите и дипломатијата ги познава. Верувам дека ќе употребиме еден од начините двете страни да бидат задоволни и да ги држи подеднакво среќни – посочи Заев.

Тој нагласи дека последен пат со бугарскиот колега Борисов разговарал на една недела пред празникот 11 октомври.

– Разговаравме со мојот пријател и брат за многу актуелни теми меѓу кои и оваа, но и за економската соработка, за ковид-помошта меѓу двете земји, за Берлинскиот процес каде земја кандидат првпат е коорганизатор и дека треба да ги охрабриме двете комисии да продолжат со работа и низ историските прашања да наоѓаат решение – рече Заев.

Доколку е неопходно, додаде, не е на одмет кога и да биде потребно повторно да ги завртиме телефоните по било чија волја, негова или моја и да поразговараме

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 19:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.