Црна Хроника

Осомничените за „Делчевски ниви“ да излезат од затворот во Шутка, му предлага обвинителот на судот платиле дебело мито и рекет на обвинителство

Скопското обвинителство му предлага на Кривичниот суд да го укине ефективниот и да им одреди куќен притвор на осомничените за продажбата на парцели за „ЕВН Електрани“ односно предметот познат како „Делчевски ниви“, дозна „А1он“. Предлогот е веќе доставен до судот. Сега, судија на претходна постапка треба да одлучи дали двајцата управители на „ЕВН Електрани“ Мирослав Митровски и Игор Гиевски, заедно со купувачите и препродавачите на парцелите Дарко Тодоровски и Влатко Илиевски, како и Орце Тодоровски, ќе ги пушти да излезат од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Тие поминаа 30 дена бидејќи обвинителот го убеди судот дека тие можат да ја попречат истрагата со влијание врз сведоци, вештаци, соучесници.

„До надлежниот суд е доставен предлог за промена на првично определената мерка притвор за петмина осомничени во предметот во мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – забрана за остварување контакти и комуникација со определени лица“, потврдуваат и од Обвинителството за „А1он“.

Според обвинителот кој го води случајот, сега, петмината осомничени веќе не можат да влијаат на истрагата.

„Предметот е во напредна фаза и веќе се обезбедени поголемиот дел од доказите, а притворот за овие лица првично беше определен поради опасност од влијание врз сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи, надлежниот јавен обвинител оцени дека во овој момент притворската мерка може да се замени со поблага без да се наштети на текот на постапката“, објаснуваат од скопското Обвинителство за „А1он“.

Случајот е во фаза на истрага. Од она што досега е јавно познато, осомничените Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски и неговата сопруга Марија Илиевски, сите од Делчево, добиле на подарок ниви од други лица, кои ги стекнале во сопственост на 1 септември 2021 година. Три недели подоцна, односно на 21 септември, парцелите чија вредност е проценета од страна на општината на 20 денари за метар квадратен, се продадени на ЕВН Електрани и за повеќе од 800 денари за метар квадратен. Седумтемина од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани, објавија истражните органи. Според нив, тие успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат. Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра.

„Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето. Правното лице, врз основа на склучените договори, за недвижност – земјоделско земјиште од 5, 6, 7 и 8 класа, со вкупна проценета пазарна вредност од 2.146.723 денари, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 99.431.060 денари. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите изнесува околу 97.284.337 денари и претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените“, објавија од Обвинителството со покренувањето на истражна постапка.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.