Македонија

ОСМИСЛЕНО ОД ЗЕЧЕВИЌ, РЕАЛИЗИРАНО ОД СПАСОВСКИ?! Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ за пукањето врз демонстрантите пред Мавровка е сценарио

„Тоа што се случи со пукањето во толпата народ кој мирно го изразуваше своето уставно право на протест е доказ дека во Македонија полицијата под раководство на Спасовски не се грижи за безбедноста на граѓаните, туку се грижи да го спроведе сценариото осмислено од човекот поврзан со палењето на американската амбасада, Зечевиќ, одобрено од нелегитимниот и пионот Ковачевски, а реализирано од министерот за внатрешни – Спасовски“.

Ова на Фејсбук го тврди Драган Ковачки од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тврди дека сценаристите завчера започнале со уфрлување на провокатори помеѓу народот, кој секојдневно во 19.00 самоиницијативно се собира пред Владата, за вчера со платеници кои пукаа во народот и фрлаа тешки предмети, стаклени шишиња и петарди од надвозникот кај Мавровка врз многуилјадниот народ кој мирно протестираше и пееше патриотски песни.

„Господине Спасовски, што мислите дека ќе добиете со предизвикување на тие тешки инциденти по безбедноста на граѓаните? Толку ли ви е значајно да останете ден или два плус на власт, по цена некој или некои вечерва да ги загубеа животите?

Толку ли немате грижа на совест за тоа што ѝ го правите на нацијата? Од каде ја крадете, распродавате и понижувате, па уште и да почнете да нѝ убивате по улиците, само затоа што најголемиот грев на овој народ е што си ја сака и почитува својата држава за разлика од тебе и горенаведените. Ете затоа ќе одиме до крај“, пишува Ковачки.

Ковачи го обвинува Спасовски за непреземањето мерки што бил должен да ги преземе, но за директна организација и спроведување на гнасното сценарио за предизвикување на внатрешен конфликт. Тој прашува зошто немаше полиција на критичните точки, а тие малубројните не реагирале никако против насилниците.

„Кој ќе ти биде одговорот кога ќе те прашаат зошто токму денеска голем дел од најдобрите полициски службеници си ги распределил на помалку важни работни места?“, го прашува Спасовски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и најавува дека за ова ќе има одговорност.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.