Занимливости

Oрце градоначалникот ќе ги тепа ај ај : Човек со камионче се обиде да фрла отпад на локацијата каде што се гради нов парк во Драчево

Несовесен граѓанин на Драчево се фрлал отпад на локацијата каде што е почната изградбата на нов парк во населбата.

Како што информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, изречена е опомена за несовесниот граѓанин, кој добил рок да си го исчисти отпадот и прописно да го складира, а во спротивност ќе биде казнет.

Нема толеранција за загадување на животната средина! 

Кисела Вода мора да биде чиста, зелена и безбедна општина, а секој кој ќе се обиде тоа да го наруши ќе биде соодветно санкциониран. 

Еден наш несовесен сограѓанин се обиде да истури отпад на местото каде што се гради новиот парк во Драчево.

Лично се упатив на лице место, а граѓанинот доби опомена и рок од 24 часа да го исчисти исфрленото, во спротивно ќе добие соодветна пријава и казна.

Нулта-толеранција за загадување на животната средина! – објави Ѓоргиевски.

Видеото може да го погледнете ТУКА.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.