Колумни

Опозиционер на социјалните мрежи

Колкави нерви треба да имаш за да бидеш опозиционер на социјалните мрежи? Tоа прашање решив да се обидам да го истражам. Како човек кој се стреми да биде принципиелен, решив да се осврнам на неколку принципи во однос на преточување на моите ставови на Фејзбук:

  1. Никогаш да не користам вулгарности, затоа што едноставно се контра-продуктивни за било која дискусија.
  2. Да бидам што е можно попрецизен за она што го зборувам, и сите тврдења да ги базирам на факти кои можам да проверам, барем до степен кој изгледа разумен, и да се стремам кон објективност.
  3. Да одбегнам да бидам циничен, и да бидам што е можно поконструктивен на сите дискусии во кои учествувам.
  4. Да одбегнам лични квалификации, кои јас ги изнесувам, или кои се наменети кон мене.

За жал, како лична критика, на неколку наврати (донекаде) го прекршив мојот 4ти прицип, поставувајќи го прашањето „Дали си ти нормален?“, и „Дали си ти добра во умот?“, кога добивав контрадикторни коментари, кои навистина немаа смисла или пак беа наменети да ја дефокусираат дискисијата. Сепак, во моја одбрана (доколку воопшто може да се смета за изговор), овие прашања ги поставив без да го прекршам мојот 2 принцип, базирајќи ги на заклучоци базирани на коментарите на моите соговорници, притоа оставајќи простор да докажат дека грешам и да ги дополнат нивните аргументи и да им дадат смисла.

Исто така гледајќи наназад, сфатив дека на некои од моите коментари и објави, не им недостасува цинизам. Тоа не ме прави нешто посебно горд со себе, но сепак можам да го рационализам со фактот што барем кога користев цинизам, го користев за сатира на аргументи, за кои моите соговорници се правеа и неми и слепи и глуви. Тоа, сепак е мој изговор и моја субјективност.

Како функционира Македонската политика на социјалните мрежи? Кои се најчестите точки на сударот на опозиционерите и ВМРО-овците? Кои се најчестите практики кои се користат во потрагата по вистината и правите аргументи? Ситуацијата, за жал и не е многу сјајна.

Бришење коментари, блокирање и извртување на факти

ВМРО-овците не сакаат кога некој им контрира, без разлика дали аргументите имаат смисла или не. Можам слободно да тврдам дека ова важи за сите симпатизери на ВМРО, од обичните луѓе, се до најзгора до пратениците на ВМРО. Понекогаш чувствувам дека ВМРО-овците на социјалните мрежи не се трудат да ја бараат вистината. Како да имаат агенда, која мора ја остварат. Како да не ги бараат правите аргументи, туку како да бараат луѓе кои ќе се согласат со нивите ставови, без разлика дали имаат смисла или не.

Аце Ангелов линк

Најеклакантен пример за ова е Илија Димовски и неговата споредба на Сорос и Хитлер, на која мојот коментар беше избришан:



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.