КолумниТОП

Оо моја Ивана! Овај Иванна!

ДУИ не може да излезе од Владата затоа што тоа е нејзина Влада. Имено Влада на ДУИ! Ова е без сомнение најчесната изјава која ја дал некој политичар од власта во последно време и затоа на Бујар Османи треба да му се симне капа. Така е, оваа Влада е целосно во рацете на неговата партија. Премиерот и останатите функционери од СДСМ енд комп. се само трговци-поединци или случајни минувачи кои добиле шанса нешто да прочепкаат и да се офајдат додека ДУИ ја врши сериозната државничка работа. Факт е дека партијата на Ахмети има голема политичка агенда која ултимативно ја спроведува, без разлика на штетата од таа агенда која може да им се нанесе на оние граѓани, чиј интерес не се поклопува со оној на интегративците. Но големата слика е нивна и само нивна. Останатите учесници во владејачката коалиција? Тоа се само ситни ликови со ситни планови за ситна лична корист, а без никакво сомневање за огромна штета на сите други. Ама кој да ти каже Ивана? Или Иванна беше со две н? Што е важно името, тие ни знамето не можат да го погодат, ниту пак обичен кружен ток, о моја Ивана! Овај Иванна!


Македонија

Заболени
186,914
Мртви
6,460
Излечени
167,402
Активни
13,052
Last updated: 20/09/2021 - 07:15 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.