Колумни

Оние кои бегаа од школо и книга како Ѓавол од Темјан, денес се испотепаа кој прв да влезе во школо!

охрид скај

Во школо се оди за да се учи. Значи за себе одиш, а не за другите! Но денес во Охрид имавме ретка можност да ги видиме сите оние кои бегаа од школо и од книга како Ѓавол од Темјан, да се туркаат кој прв да влези во школо и тоа за време на летен распуст!?

Ваквата ретка можност можеше да се види при постетата на премиерот Зоран Заев на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид, кога новиот охридски социјалдемократски (не)кадар ја присвои општинската свеченост за партиски цели!? Наместо советници, наставници, граѓани на Охрид да бидат присутни на настанот на посетата на премиерот Заев на електромашинскиот училишен центар, во ред се наредија првиот охридски социјалдемократ и неговите придружници, кои за воља на вистината 90% од малкумина одбрани охридски социјалдемократи, кои ја имаа таа привилегија за време на своето школување да имаат повеќе неоправдани изостаноци, и беа ноторни единичари, денес буквално да трчаат да влезат во школо, онака од милина настарост, за да бидат добар лош пример на младината к ако од проблематичен ученик се постанува добар функционер или, како еден ноторен единичар аналфабет, може со лигавење да постане добар функционер, со добри примања, легални или не!!

Единичари Збор!!!



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:15 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.