Забава

„Она или ја?“: Гавазова и Џеј Ло облечени во ист модел, па нашата фолкерка прашува на која подобро и стои, па на ЛО ма кокошко

„Она или ја?“: Гавазова и Џеј Ло облечени во ист модел, па нашата фолкерка прашува на која подобро и стои (фото)

Српската пејачка Јелена Карлеуша како да ги инспирираше и нашите пејачки и водителки да се споредуваат со светски позанти ѕвезди кога е модниот избор во прашање.

Па така, се почесто можеме да видиме фотографии од кои се прави паралела, особено со модните комбинации кои ги носи светски познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез.

Овој пат, таква споредба со латино дивата направи нашата фолк пејачка Сузана Гавазова. Таа пронајде фотографија од себе од 2016 година и ја „залепи“ до онаа на Џеј Ло.

Неспорно е дека двете носат многу слична модна комбинација, на Сузе е црн топ од тантела споен со црно здолниште, додека на Џеј Ло е во бело издание.

Веројатно Сузана не мислеше на тоа дека Џенифер Лопез ја копира, туку само сакаше да ја нагласи сличноста во модниот избор, па праша: „Она или ја?“, епа што мислите?



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.