Колумни

Охрид Скај: Началник наместо во изолација на шетање, лекари со 39 температура оделе на работа , не верувале во корона?!

(Скандали)

Пандемијата со ковид 19 во РСМ коси, руши рекорди , министерот за здравство Венко Филипче секојдневно пена уста му фати од повторување на три работи, носење маска , држење социјална дистанца и користење средства за дезинфекција, но колку што можат да расипат нколку будалетинки , не може да опрае цела држава!! Здравствените работници веќе на работ на издржливоста , болничките капацитети веќе преполни и што научивме?!

ЛЕКАРИ НЕ ВЕРУВАЛЕ ВО КОРОНА , НАЧАЛНИЦИ НА ПОЛИЦИЈА ЗАБОЛЕНО СЕ ШЕТАЛЕ?!

Секојдневно слушаме и читаме низ од глупости , милион теории на заговор, од 5 G било , не прскале со авиони, Бил Гејтс,немало корона , тоа било масло на СДСМ и Филипче,но таквите тиквари , теоретичари на заговори ,сејачи на магла завршиле со инфекции од корона и, пак не веруваат?!

Страшна е сликата кога лекари (Во Охрид, Скопје итн.) ги уверувале колегите и пациентите дека нема корона , дека тоа било будалеија на забегани умови, не носеле заштитни маски, но усте пострашно е што и покрај тоа што знаеле дека се заболени , доваѓале на своите работни места цела недела со 39 температура и бронхопнеумонија.Кога нивната клиничка слика станува сериозна ,од своите колеги барале да ги третираат како заболени со обичен сезонски грип, но на крај завршиле на инфективните одделенија,а со себе повлекле, поточно инфицирале не само своите најблиски, туку и половнина персонал од болничките одделенија каде биле началници!!

Кога ќе добијаш полициска значка ,згора на тоа кога ќе добијаш и началничко место да раководиш со едно цело СВР , поточно да бидеш главен ајдук на пет градови, тогаш и во време на карантинот отвараш хотели,јадеш јагнина си играш мајтап со над 200.000 граѓани!Мајтапот продолжува кога истиот тој недопирлив Началник ке се инфицира од Ковид 19м, па така наместо да оди во изолација , со благослов на еден залутан директор – виш земјоделец  на еден Центар за јавно здравје ,ќе се шета како да ништо не било онака шеривски ,па така ќе инфицира мала група на команден полициски кадар , малку поолема група на грашѓани, ама за него нема важност Член 206 од КЗ,тој пишува и потпишува Кривични пријави, тој дава наредби (селективни) кој да го јаде ,а кој да биде повластен ,да не го јаде, абе детето Началник е некрунисан полициски Цар и , после болниците биле преполни ,народот не почитувал мерки?!Од вакви ајдуци преку глава…

Сашо Денесовски -Лично

Македонија

Заболени
55,127
Мртви
1,546
Излечени
32,894
Активни
20,687
Last updated: 24/11/2020 - 12:11 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.