Црна Хроника

Охооооо… Во Струга уживање..Подобро и да сакал не можело да биде.

СЛОБОДАНКА НЕ ЈА МИСЛЕТЕ ЌЕ СЕ ВИКА СТРУЖАНКА

Зоран Милески Кичеец денеска го добил упатниот акт од судија за извршување санкции од Основниот суд Охрид, и според него, тој на 26 октомври треба да се јави на издржување на тригодишната затворска казна добиена во предметот „Рекет“.

Меѓутоа, наместо во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, новиот упатен акт е за затворот во Струга кој е од полуотворен тип, потврдија од охридскиот суд за „360 степени“.

Кичеец го повлекол барањето за одложување на затворската казна во кое, според информациите од судот, како причина била наведена промената на неговата адреса на живеење од Скопје во Охрид, а со тоа и преминувањето на надлежноста за предметот од скопскиот во рацете на охридскиот суд.

Кичеец е осуден за делото примање награда за противзаконито влијание за кое уште на првото судско рочиште за „Рекет“ на 3 декември лани призна вина.

Тој поднесе жалба, но Апелацискиот суд во Скопје на 4 септември годинава ја потврди пресудата во делот на висината на казната, а потоа Основниот кривичен суд пред дваесетина дена му испрати упатен акт со кој тој требаше да се јави во затворот во Шутка на 12 октомври.

Но, во меѓувреме, Кичеец ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид и од тие причини побара одложување на казната.

Предметот во охридскиот суд стигнал вчера, а денеска бил издаден упатниот акт.

Македонија

Заболени
26,394
Мртви
897
Излечени
18,430
Активни
7,067
Last updated: 25/10/2020 - 09:11 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker