Македонија

Официјални резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 23, СДСМ 9, ДУИ 3 градоначалници

ИНФО: 23 СЕ ОПШТИНИ ВО ПРВ КРУГ ЗА ВМРО 9 ЗА СДСМ 3 ЗА ДУИ

Официјални резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 22, СДСМ 9, ДУИ 3 градоначалници

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалници во првиот круг на локалните избори, коалицијата на СДСМ 9, а ДУИ тројца градоначалници, покажуваат првичните резултати што вечерва ги соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Сега течат роковите за приговори, а конечните резултати за 80 општини и Град Скопје ќе бидат објавени по завршување на постапката за приговори.

На вечершата прес-конференција на Државната изборна комисија, претседателот Александар Даштевски кажа дека според пребројувањето на гласовите, Тимчо Муцунски и Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ се новите градоначалници на скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров.

Врз основа на оваа информација, може да се констатира дека по првиот круг, градоначалници добија шест скопски општини, а во останатите четири ќе се оди во втор круг.

Претходно, врз основа на веќе обработени податоци, беше објавено дека нов градоначалник на Бутел е Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, на Гази Баба неговиот сопартиец Бобан Стефановски, на Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски од истата партија, а во Сарај беше реизбран Блерим Беџети од ДУИ.

Во вториот круг ќе се води битка за Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

За овие општини резултатите се пребројани во целост, па врз основа на тоа се знае дека во Центар во втор круг одат Горан Герасимовски од СДСМ со 40,24 отсто од гласовите и Наташа Котлар Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 33,27 отсто од гласовите во првиот круг.

Во Карпош битката ќе се води меѓу Душко Весковски од СДСМ со 32,24 отсто од гласовите по првиот круг и Стевчо Јакимовски со 23,69 отсто од гласовите.

Втор круг ќе има и во Шуто Оризари каде што Ферат Асан од СДСМ доби 37,07 отсто од гласовите пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 25,38 отсто.

Во Чаир за градоначалник во вториот круг ќе се тркаат Висар Ганиу од ДУИ 48,87 и Беким Сали од АА/Алтернатива 36,97 отсто од гласовите.

Можеби е меме од 2 луѓе и текст кој вели „зоко, заспа ли веке бе??? да, еве готов сум абе аце од горче y прв круг победил ???“



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 22:15 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.