ТОПЦрна Хроника

Одложено судењето на првата група КРВНИЦИ за дивеењето во Парламентот, нов термин 23 мај

Одложено е денешното судење на првата група обвинети за насилството од 27 април во Собранието на Република Македонија, што се случи по изборот на Талат Џафери за нов спикер на законодавниот дом. Новото судење е закажано за 23 мај, во 9,30 часот, пренесува „Макфакс“.

Главната причина за одложувањето е тоа што на судењето не се појави првообвинетиот Ангеле Зафировски, наречен Бате Геле, кој е еден од деветтемина обвинети за „учество во толпа“. Во судницата се појавија другите обвинети: Димче Христовски, Дончо Василевски,Стојан Павловски, Борис Мутковски со прекар Фантом, Маријан Стојовски, Виктор Настов, Александар Стојчев и Мирче Цветковски.На судењето се појавија и дел од 20-тина пријавени како оштетени лица.

Застапникот на оштетените, Филип Медарски, побара наредното судење да се одржи во големата сала на Врховниот суд бидејќи судницата број 3 со едвај дваесетина квадрати, во која се одвиваше денешното судење, беше премала да ги собере сите заинтересирани.

Додека траеше рочиштето, надвор се собраа триесетина поддржувачи, кои беа облечени во маички со натписи „Тврдокорни“и „Македонија на Македонците“, како и со знамиња в рацете.Некои од нив имаа транспаренти на кои беа испишани пораките: „Верував во сè,но не и дека моите ќе ми судат за Македонија“ и „Слобода за патриотите“. Ниту еден од поддржувачите не сакаше да говори пред камера, а изјава за медиумите не дадоа ниту бранителите на обвинетите.

За насилствата во Собранието се осомничени 30-тина лица, од кои на поголемиот дел им се изречени мерки за претпазливост, на дел куќен притвор, а двајца, односно татко и син, се во притвор за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Досега во Основното јавно обвинителство искази за случувањата во Собранието дадоа повеќемина пратеници, меѓу кои и лидерот на СДСМ и нов мандатар, Зоран Заев, и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а вчера исказ даде и претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Претседателот Ѓорге Иванов вчера во интервју за ТВ Канал 5 го повика Собранието да ги амнестира обвинетите за случувањата во парламентарниот дом затоа што биле „заведени од толпата и од емоции“ и рече дека тоа еднаш веќе било направено во 2001 година.

Видеото ОВДЕ(Макфакс)



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.