Македонија

Од вечерва корекции на откупните цени: 10 денари за „смедеревка“, 12 денари за „вранец“

Од вечерва корекции на откупните цени: 10 денари за „смедеревка“, 12 денари за „вранец“

Откупната цена за „смедервка“ да изнесува 10 денари, а за „вранец“ 12 денари. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надоместена од страна на винариите.

Ова е договорено денеска, по два и пол часа преговори на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со претставници на винариските визби.

Како што соопшти Министерството за земјоделството, корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва, а Хоџа го реафирмирал ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од два денара за лозарите.

Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини, наведува МЗШВ.

Министерот во договор со винариите вети дека ќе се откупи целата количина произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен.

Винариите пред неколку дена ги објавија откупните цени на грозје, според кои 11 денари беа предвидени за „смедеревка“ и 12 денари за „вранец“.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:30 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.