ЗабаваСекс

Од вакви наслови ме фаќа пролив: Сани Гроздановска е „фолк икона“: Ја чуваат како грофица, ја сакаат како светица!

и одма знам новинар кој ова го пишува е обратен...

Сани Гроздановска е „фолк икона“: Ја чуваат како грофица, ја сакаат како светица! (ФОТО)

Сања Сани Гроздановска низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕведа. Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм и нескротлив сексапил, Сани е некрунисана кралица на забавата во ноќните локали, клубови и кафеани. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи…

Атрактивната кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа дури и не мора лично да ја познавате. Доволно да сте и пријател само на социјалните мрежи, каде нема ден да мине, а Сани да не ве насмее, расположи, а Бога ми и наежи…

Од шеги, расната фолкерка најмногу ги преферира оние на своја сметка. Во тоа е и нејзината големина, во која предничат: Физички  – „бујната предница на цицлестата убавица“, карактерно – непосредноста и искреноста!

Кога е тивка пак, најмногу е гласна. Бидете убедени дека Сани „вреска“ и кога најмногу молчи.

И навистина, нека не ве изненадаува… Зашто на Сани веќе во следниот момент може нешто да и падне на ум, нешто што кога ќе и текне… Подобро да не и текнува!

Ама затоа на сексапилната кумановака им текнува на нејзините обожаватели. Оние кои ја сакаат, почитуваат, знаат како заедно со неа да се забавуваат, на настапите и свирките и доаѓаат, со неа пеат, пијат, плачат, играат, се веселат или тагуваат, во зависност кому каква му е вечерта, среќата во љубовта, емотивната состојба, кому колку срцето му трепери, му се радува или тагува душата…?!

За нив Сани Гроздановска е повеќе од фолк певица, за нив таа е нивна фолк светица… Така ја доживуваат, па таква фотографија и споделуваат… Тие со неа, таа со сите останати преку социјалните мрежи.

„Света Сани боемска, фолк Гроздановска“ – заштитничка на микрофонот, бакшишот и заводливоста. Така стои во описот на необичната фотографија, на која пејачката е прикажана како фолк икона. Монтажа која ја направил некој од нејзините обожаватели, кои Сани исто толку си ги обожава!

Но, дека сите обожаватели не и се баш пријатели, покажува една друга, поинаква ситуација во која пејачката морала да побара заштита. Не е во прашање разулавена или пијана толпа, туку поеднци со манијакални определби, желби и нагони, кои упорно во чекор ја следат фолкерката. За да не и случи да се обидат надвор од нејзината желба „да и ја земат мерката“, Сани се погрижи  да нема изненадување и си ангажаираше сопствено обезбедување.

Набилдано, силно, мускулесто  момче, постојано стои покрај неа, за некој случајно да не се излаже, таму каде што не треба да се појави и покаже… Приватно обезбедување за да се исклучи секакво несакано изненадување што фолкерката може да ја снајде. Ликот познат и тоа не само оној на пејачката, туку и на нејзиниот „ангел чувар“. Можеби некому звучи лудо, но во него го многумина го препознаа АдоБудо… Момчето што стана пошироко познато меѓу скопската раја, откако од една познатата скопска кафеана „културно ја замоли“ да си стане и замине, познатата српска старлета Сораја.

Конечно, кај Сани ништо не е случајно, па ниту новиот прекар, ни новиот чувар. Сани Гроздановска  е „фолк икона“,  ја чуваат како грофица, ја сакаат како светица!

Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.