Македонија

Од среда полициски час од 23 часот – кафулињата ќе работат до 22:30 часот

ЧОМБЕ ПАЦКА И ПАНКИ ГЛАВНИ У ТРЕНД ОД СРЕДА СО ЗАПОТЕНИ МИШКИ

Од среда полициски час од 23 часот – кафулињата ќе работат до 22:30 часот

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот, е предложено на денешниот состанок на Централниот кризен штаб, а одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница. И понатаму дозволено ќе биде да работат само летните тераси на угостителските објекти.

Ваквиот предлог доаѓа откако изминативе денови паѓаат бројките на новозаразени лица со коронавирус. Вчера беа регистрирани 105 нови позитивни на ковид-19 од 946 тестови, а активни се 14. 276 случаи.

Кафулињата и кафеаните се отворени од 28 април. Сега работат до 20.30 часот, бидејќи според минатонеделната одлука на Владата полицискиот час почнува од 21 часот. Полицискиот час не важеше во саботата кога верниците во црквите и манастирите го прославуваа Велигден. Полициски час нема да има ни за Рамазан бајрам, односно вечерта на 12 мај.



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.