Македонија

Од петок фајрон во 18 часот – Да не се излегува надвор вели Филипче

Главната порака е луѓето да се стрпат од излегување, сепак да не се излегува и сега во овој период без некоја голема потреба. Луѓето да не се групираат на штандовите. За време на претстојните празници, слави, на новогодишната ноќ граѓаните да останат во рамките на своето семејство, заради тоа што видовме дека мини кластери потекнуваат таму каде има поголем број луѓе од повеќе семејства, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Мерките се одлични ако ги споредиме со мерките од соседството и земјите членки на Европската унија.

Сметаме дека новите рестриктивни мерки не се популарни не заради самите нив туку заради неодговорноста на Владата веднаш со усвојување и донесување на истите, не усвои начини на обесштетување на угостителите или соодветна финансиска поддршка и помош за надомест на штетите што ќе настанат како резултат од нивната примена, велат од Комората и бараат заедно со Владата да ги дефинираме насоките за егзистенција и опстанок на угостителската индустрија.

И од Туристичко-угостителската комора на Македонија сметаат дека новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата се непрецизни и селективни поради што се доведува во прашање ефектот кој се планира да го постигнат.

Неопходно е воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки да биде паралелно проследено со обезбедување на соодветни економски мерки за поддршка на секторот.

– Повеќе пати досега беше изнесено барање Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да презентираат епидемиолошки анализи кои ќе покажат дека угостителството е поголема причина за ширење на заразата, отколку некои други сектори како меѓуградски и градски транспорт, работа на шалтери, работа во големи работни колективи, партиски активности.

Досега не се презентирани такви податоци, поради што мора да заклучиме дека угостителството е избрано за рестрикции како пример за пред јавноста, поради немањето желба или можност власта да се справи со други жаришта.

Највидлив пример за несоодветното однесување на надлежните институции е нереагирањето на прославите кои беа организирани во партиски штабови надвор од сите протоколи, без дистанца и со блех-музика, истакнуваат од Туристичко-угостителската комора.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.