Колумни

Од кого ни (за)виси демократијата? Од власта? НЕ!

Македонија

Заболени
17,629
Мртви
725
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 28/09/2020 - 12:41 (+02:00)

Не е моја теза, ова ми е еден од ретките политички разговори кои сум ги имал кога патував во Обединетото Кралство, каде освен поуките за тревникот со англиска трева (се е исто само треба да го негуваш 300-400 години) за да имаме исти тревници како и нив, тоа паметно човече, профеор на катедра во Оксфорд имаше навистина добри поенти и за демократијата/

Демократија

Бла бла бла

Владеење на правото

Бла бла бла

Корупција

Бла бла бла

Сите докторивавте, ма чуј докториравте, матуриравте, ма земавте диплома од градинка на овие теми и секој таксист ќе ви каже што треба да се прави во државата додека лупа по машинката за фискална објаснуваќи дека му се расипала, па не може да ви издаде сметка. Има ли поголеми оратори (сератри?) од нас овде? Има ли некој кој знае повеќе од нас, за 5Г, кемтрјлови, самити на Трамп  и  Путин и Џипинг кои тајно се одржуваат, за Бил Гејц… нема, нема, не ќе се роди… додуша и комшиите по соседните ни земји се многу слични во нивните „трчи-лажи“ новински агенции. Се’ што е наука е лага – се што е некоја ЈуТјуб будала – вистина, ммм даа…

Tоа е како оние харекришнарско-јеховистички сезнајковци облечени по последна пакистанска мода кога купуваат сапун, храна, оти биле природно органски само затоа што така пишувало, а направени во некој подрум кујзнаекаде у када со состојки кој никој нит проверил, нит може, а една реномирана стогодишна компанија која има катрљон контроли – е они не’ учипуваат кога си миеме газето со нивните сапунчиња и тогаш микро-чипот – оп – цап улетуе и ти си мислиш хемороид… нононо, готоф си сега ќе те следат каде на кој пазар купуеш и каде фрљаш џубрето.

Нејсе, да се врнам на она што профа со пар доктората кој вака некако беседеше: — секоја власт има тенденција да се корумпира (секако, „капетане очигледно“, му викам)… но, тогаш како во една земја сепак имаме демократија? На ниедна власт не и’ одговара реална туку декларативна, и тука нема ништо чудно, оти власта ги контролира парите, а кај има пари кои се нели, отепвачка, тешко демократос. И тоа не е ниту за замерка, секаде така.

Демократијата во секоја фракин земја, која било како се декалрира како демократска зависи исклучиво и само од опозицијата!!!

Протести

Премногу занимавање со опозиција која се охрабри да излезе на улица, но они не ги трошат нашите пари, власта ги има на располагање – никој друг. Секако дека вознемиреноста е голема, ако сеќавањето на епидемиолозите на шпанскиот грип кој покоси и затоа паничеа за коронава, така и власта реагира со тоа што иако шараната копиљана нема ниту капацитет да се сети што било пред 5-10 години, а камо ли повеќе. Имено, копчето за паника на умрзените со чорбичка затовените шарени револуцинери да ги растрча наоколу оти знаат што се случи околу 2005-6 кога „Гласот на Светлината“ протестираше против продажбата на ЕВН, десетина души, секојдневно блокираа улици и на сета нервоза, народот застана на нивна страна и ја добија власта. Секако дека тоа не беше единствена причина, ама павловиот ефект сеуште е силен.

Само протести на синдикатии, опозиција можат да го подобрат животот во една земја – било и ќе биде, само проетести меѓу избори се единствен коректор на криминалот во една земја затоа што под нивни пристисок исклучиво се решаваат процесира криминалот кој произлегува блиски до власта.

Навивајте секој за својот клуб, океј е, но да си знаете, оние земји за кои ви „течат лиги“ само со протести  и пречести референдуми си ги решаваат проблемите, власт е привилегија која треба да биде насочуватна од нас, граѓаните и опозицијата, што не е јасно?

(Проетест или референдум? Во следната епизода на Жолтко и Лутко)

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker