Црна Хроника

Од Бугарија екстрадиран Игор Спасов

Бугарските органи одговорија позитивно по барањето за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во С. Македонија, информираат денеска од Министерството за правда.

Од Бугарија екстрадиран Игор Спасов

– По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во С. Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, се вели во соопштението од МП.

Барањето за екстрадиција, се вели во соопштенито, е потпишано од министерот за правда Бојан Маричиќ на 10.02.2021 година.

Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР – Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.