Живот

Од бизнисмен до бездомник – 450.000 луѓе гладуваат, 12.000 тони храна се фрла во Македонија

Едни бездомници излегуваат, други влегуваат, вака изгледа 18-ка во средите и петоците кога се дели храна во пунктот за бездомници во Момин Поток, па дури и кога врне. Околу 200 луѓе се корисници на оброци меѓу кои и Таир Даут, поранешен бизнисмен, кој прокоцкал 5 милиони долари. Попознат е како берберот, бидејќи ги потстрижува бездомниците кои доаѓаат овде за што добива 3000 денари месечно.

Од бизнисмен до бездомник - 450.000 луѓе гладуваат, 12.000 тони храна се фрла во Македонија

„Бев бизнисмен имав своја фирма за електроматеријали работев и заработував многу добро. Излегува онаа народната по моја грешка дојдов на ова дереџе. Некои пороци, коцката поточно ме донесе до ова дереџе и од многу пари, онаа клетва што е „Да имаш, па да немаш“ е нешто многу тешко“, истакна Таир Даут.

Но, како да се помине со два оброци неделно, кога не се доволни ниту за еден ден.

„Не се доволни. Како се снаоѓате останатите денови? Како се снаоѓаме, ако има некоја друга донација додатна. Им благодарам на оние хумани луѓе кои се уште изразуваат желба да помогнат, меѓутоа тоа е многу мал број“, вели Хари.

„Тоа не е долготрајното решение за овие луѓе. Имам прилика секојдневно да разговарам со луѓето кои што сме на улица, најголем проблем ни е вработувањето. Бараме помош од институциите на Република Северна Макеоднија“, додава Хари.

Според Државниот завод за статистика во Македонија 450.000 граѓани имаат проблем да обезбедат храна (со КОВИД Пандемијата бројката е значително поголема) и во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат околу 12.000 тони вишок храна што претставува за околу 26 000 граѓани да имаат по три оброка дневно.

„Она што го знаеме ние од јавни достапни информации од страна на Светската програма за храна на ОНН, е некаде околу 690 милиони луѓе се во хроничен глад во целиот свет. Дополнително на тоа во изминатат година како први на удар од пандемијата Ковид 19 дополнително 130 милиони луѓе“, вели Александра Ристовски.

16 –ти октомври е Светски ден на гладот кој во нашата земја ќе се одбележи со низа хуманиратни акции со цел да се обезбеди храна за 10 000 загрозени семејства.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:15 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.