МакедонијаЦрна Хроника

Обвинителство отвори истрага против градоначалникот на Петровец

Јавното Обвинителство отворило истрага против градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, и неговиот брат под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари.

Според информациите од ЈО, Митевски е осомничен дека во период од 2012 до 2018 година потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирмите чијшто вистински сопственик е неговиот брат.

Случајот со поднесена кривична пријава  го започна Управата за финансиската полиција, чиј директор Арафат Муареми, тврди дека братот на градоначалникот е  вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на фирмите „Аце транс компани“ и „Леома транс “ ДОО Скопје. Проблематично е и тоа што во јавната набавка компанијата лажела дека поседува техничка опрема за да се стекне со право да учествува во тендерот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори, по отворањето на случајот од страна на Финансиска полиција, рекоа дека Обвинителството за организиран криминал и корупција веќе го има истражено овој случај воп 2017-2018 и дека бил затворен како чист.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал минатиот месец отворило истрага против градоначалникот Митевски, вработен во општината, братот на градоначалникот и управител на една од фирмите за кои постои основано сомнение дека преку нив биле издавани фиктивни фактури.

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.