Некатегоризирано

Обвинителите и утре ќе ја чешлаат финансова полиција, Муареми денеска на работа без телефоните играл не љути се човече

#ДалиКрајотВакаМириса

Можно е да е слика од 1 лице и текст

 

Нема достапен опис

Обвинителството за организиран криминал и утре ќе продолжи со претресот во Управата за финансова полиција, потврдуваат за ТВ 24 од Обвинителството. Од таму велат дека се копираат документите кои се во интерес на истрагата и се става печат на истите, а се работи за обемна документација.

Во истрагата се опфатени повеќемина вработени во Управата, а нема информација дали помеѓу нив е и директорот Арафат Муареми. Тој денеска е недостапен за коментар, а како што дознава ТВ 24, Муареми денеска се појавил на работа без своите мобилни телефони.

Истрагата според Обвинителството за организиран криминал доаѓа по пријава од група граѓани, но не е поврзана со конфискацијата на имотот на  ,,Трансмет” во случајот ,,Труст”, за која пријави за повеќемина меѓу кои и директорот Муареми поднесе Државното правобранителство.

Официјален став од Управата за финансова полиција за претресот се уште нема.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.