Македонија

Нухиу: Системите за снимање на командите во МВР не работат уште од 2014 година

Веќе 3 години во МВР не функционира интерниот систем за снимање на командите во МВР, откри вечерва министерот за внатрешни работи, Агум Нухиу, во интервју за телевизија Алсат.

-Тоа е систем за комуницирање со команди кој се прави внатре во МВР и имаме три сервер – оператори кои треба да бидат поврзани со апаратот за снимање на сите команди. Јас веднаш побарав вештачење дали се снимени сите команди, кои биле дадени преку тетра – системот. Повикав експерт од Германија и тој направи проценка дека два сервера за жал не биле поврзани со апаратот за снимање на команди и било констатирано дека такво нешто не функционира не од сега, туку од 2014 година.Зошто не работеле, одговор треба да дадат органите кои треба да го водат процесот на истрага за кривична одговорност и се разбира се бара проценка од експертите или посебно екстра вештачење, изјави министерот Нухиу.

Тој откри дека е познат идендитетот на двајцата вработени и на началникот од УБК кој им дал наредба по насилството да влезат во Собранието и да ги земат хард дисковите со снимките од безбедносните камери. За среќа, снимките ги имало и на резервни сервери.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.