Македонија

НОВИ ИНСПЕКЦИИ ЈА ПОСЕТИЈА ОШТИНА ТЕТОВО ДЕНЕСКА

По претставници од Државниот трудов инспекторат, денеска општина Тетово ја посетија и претставници од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при Министерството за транспорт и врски на РМ.
 273ba327355da4692afc9aca23a367da_L
Претставници од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам денеска извршија инспекциски надзор што се однесува до законитоста и регуларноста на инспекциските процедури, издадените одобренија за градење, како и другите акти и одобренија издадени од страна на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Тетово.
Од кабинетот на градоначалничката ,Теута Арифи велат дека Општина Тетово го поздравува фактот дека токму во овој период има зголемена тенденција на инспекциски контроли од страна на надлежните државни институции.
Воедно, велат од кабинетот, констатираме дека зачестените контроли последните денови во општина Тетово, се во потполна согласност со перманентниот ангажман на актуелната општинска администрација, што се однесува до превенцијата од појава на дивата урбанизација на градот, стопирање на појавата на изградба на безправно изградени објекти, издавањето на градежни дозволи во согласност со законот, како и борбата против узурпација на јавните површини, принципи кои ние ги разбираме како вредности на прогресивните општества и кои воедно се од значаен интерес за граѓаните на Општина Тетово.

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 19:41 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.