Македонија

Нови 30 дена притвор за Камчев, притвор доби и Груевски за „Плацеви на Водно“

Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК) за одредување мерка притвор, односно продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно”. Оваа одлука на Кривичен суд Скопје, следеше откако денеска ОЈО ГОКК, поднесе обвинение за наведениот случај. Освен за осомничениот Камчев, судот му определи мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода и на првоосомничениот Никола Груевски. Мерки на претпазливост за како што известија од судот им биле определени и на осомничените Н.Ј. и Р.К.К.

Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно” e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите. Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување, соопштија од Кривичен



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.