Македонија

Новата мерка социјална пензија ќе важи само за пензионерки чии сопрузи се починати и немаат ни имот ни фамилија

penzioneri

Ќе им пружи ли достоинствен живот новата мерка која се крчка?

Дали социјалната пензија ќе биде доволна или тешко со неа ќе имаат егзистенција пензионерите?

Ова прашање го поставуваат многумина а од Здружението на пензионери на Македонија посочуваат дека вака тешко ќе се оставрува достоинствен живот за категоријата граѓани за кои е наменета.

За кој ќе важи социјалната пензија:

Сите граѓани кои се постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија.

Тоа нема да се однесува на оние кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а чиј партнер веќе ужива пензија. Таа категорија граѓани, според Владата , не е социјално загрозена и нема да може да добива социјална пензија.

Законот за социјална сигурност на постари лица стигна во Собрание и за него ќе се гласа по скратена постапка. Имено, со него е пропишано државната социјална пензија да изнесува 6000 денари месечно или (96,7 евра) и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот.

Услов за добивање на оваа пензија е лицето да биде државјанин на Северна Македонија и во земјава да живее во последните 15 години.

За првиот човек на ЗПМ Драги Аргировски без најмалку 12.000, 13.000 или 14.000 денари пензија тешко ќе може да се остварува еден достоинствен живот за пензионерите.

Извор: Фактор



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:26 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.