Живот

Нов бизнис со брзорастечко дрво во Македонија: ПАРИТЕ РАСТАТ ЗАЕДНО СО ДРВОТО?

thumbnail_misko-drva-696x477

Брзорастечкото дрво Пауловнија го освојува Балканот. Дрвото познато уште и како Кинеско царско дрво, во изминативе неколку години станува хит во регионот, најмногу поради неговите потенцијали за добра заработка и веќе голем број на македонски семејства го имаат посадено на своите имоти. Велат дека за само неколку месеци може да порасне и до три – четири метри, но придобивките од него ги очекуваат дури по девет години, кога стеблото е спремно за сечење. Од него се добива биомаса и дрвена граѓа, цврста и отпорна на свиткување, а од гранките се прават палети. Листовите се користат како храна за животните, па така ниту еден дел од Пауловнијата не останува неискористен. По сечењето, дрвото повторно започнува да расте. Во Македонија, познатиот фолк пејач Мишко Талески минатата година започнал да го одгледува.

thumbnail_misko-taleski2,,Брзорастечкото дрво го посадив минатата година, така да, уште е рано да зборам за приход. Имам околу 20 стебла, но повеќе ги посадив поради рекреација, отколку поради приход. Добро е тоа што во земјава има компанија која што се занимава со продажба на садниците со сертификат, па сите заинтересирани можат да бидат точно информирани за сите детали околу овој нов бизнис,, – вели Талески.

Освен што нуди придобивки од неговото стебло, Пауловнијата е позната и како дрво кое што ослободува големи количини на кислород, а погодно е и за пошумување на оголени површини зафатени со ерозија. За една година може да достигне височина и до 5 метри, а издржува ниски температури и до 25 степени под нулата.

Според лиценцираните компании во земјава кои што се занимаваат со продажба на садници и откуп на стеблото, од еден хектар земја посаден со Пауловнија по девет години може да се добијат над 400 метри кубни дрвна маса, а метар кубен се откупува по цена од 100 евра, што значи дека од еден хектар може да се очекува печалба од околу 40.000 евра на секои девет години. Инаку, цената на едно стебло е околу пет евра. Се верува дека едно стебло, откако ќе биде исечено до корен, може повторно да расте и во својот животен век има околу седум циклуси на сечење, на секои девет години.

Во соседна Србија Пауловнијата ги освојува плантажерите и веќе има над 400 плантажи насадени со брзорастечкото дрво, посебно во околината на градот Крушевац. Кај нас сеуште нема официјални податоци околу тоа колку хектари со брзорастечкото егзотично дрво се посадени, но познато е дека освен во околината на Скопје, го има и во Велес.

Вики Клинчарова ФОКУС



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.