Живот

Нинџа ослабе до непрепознатливост, држел диета

Фотографија од судењето пред една година и фотографија од јавната седница на Апелација од снимка на ТВ Алфа

Александар Василевски – Нинџа кој еден од осудените за упадот во Собранието деновиве ја шокираше јавноста со својот изглед, во затворот во Штип ослабел до непрепознатливост.

Фотографија од судењето пред една година и фотографија од јавната седница на Апелација од снимка на ТВ Алфа

Според нашите информации, тој ослабел некаде 50-60 килограми, но нашите извори велат дека ниту го подврзувал желудникот, ниту се случувало нешто друго, туку Нинџа едноставно држел диета и ослабел.

Нинџа деновиве по повеќе од една година се појави во јавност и е во центарот на вниманието на јавната седница што се одржува во Апелацискиот суд по жалбите на осудените. Тој на денешната седница обелодени дека додека бил спроведуван од затвор, бил вербално нападнат од лица кои биле во придружба на ќерката на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Адвокатот на Чавков пак тврдеше дека немало закани, бидејќи на денешното рочиште немало никој од семејството на Чавков.

– Тоа е истото сценарио, заради кое, некои добија осум години, а сите други 15 години. Кооперативност со обвинителството. Ниту закана, ниту ништо. Кој на кого ќе се заканува. Зошто се командирите тука да интервенираат. Кој си има мува на капата си кажува. Не станува збор за никаква закана, изјави Дуковски.

На денешното продолжение на тридневната јавна расправа пред Апелација за пресудите за „27 април“, осудените побараа укинување на пресудата и враќање на постапката пред изменет судечки совет.

Меѓу 16-те обвинети, кои со првостепената пресуда од март минатата година беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”, се поранешниот директор на Бирото за јавна безбеднист, Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање. Обвинителството, пак, има жалба за ослободителната пресуда за Игор Дурловски.

Нинџа беше осуден на осум години, односно доби казна помала од законскиот минимум за делото. Тој пред судот тогаш обелодени дека упадот во Собранието на 27 април бил командуван од парамилитарниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму, според Нинџа, насоките како да се делува по телефон ги давале поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришкоска која комуницирала со тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски кои комуницирале со Богдан Илиевски – Бетмен велит, а насоки давал и Кирил Божиновски и Митко Чавков кој комуницирал со Митко Пешов.

Организаторите на упадот се уште не се осудени, а за ова меѓу обивнетите се поранешниот премиер, Никола Груевски кој е во бегство, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски. Судењето за нив е се уште во тек. Пратениците кои пак ги отворија вратите на Собранието беа амнестирани со Законот за амнестија кој го изгласа Собранието.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 10:00 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.