Занимливости

Николоски откри трет дел од скандалот: 200 милиони евра за фирма од Панама- газда е контроверзен проруски бизнисмен

Николоски откри трет дел од скандалот: 200 милиони евра за фирма од Панама- газда е контроверзен проруски бизнисмен

Крими коалицијата СДСМ/ДУИ донесе ДУП од 200 милиони евра за офшор фирма од Панама, сопственост на контроверзен бизнисмен, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски,  на социјалните мрежи.

Помина едена недела откако објавив за усвојувањето на ДУП за “ШИК Јелак” Тетово со кој се предвидува урбана џунгла во градот со нови 2 000 станови за 8 000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра.

Помина едена недела откако објавив дека зад овој проект стои контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Една недела нема одговор од надлежните институции, а нема ни одговори од Заев и Ахмети за поличката позадина на овој случај.
Затоа продолжувам со изнесување нови сознанија кои ќе фрлат дополнително светло на целиот случај.

Сопственик на поранешниот гигант ”ШИК Јелак” е Миодраг Дака Давидовиќ, преку фирмата “Јелак Градба” . На просторот на “ШИК Јелак” крими коалицијата СДСМ/ДУИ донесе детален урбанистички план еден ден по изборот на Владата кој му носи потенцијален профит од 200 мил евра на инвеститорот.

Во “Јелак Градба” управител е лично Дака Давидовиќ, додека како сопственик се јавува фирмата “Адастра груп Корп” која е регистрирана во даночниот и оф шор рај Панама!

Преку јавно достапните податоци кои лесно може да се најдат со мало пребарување на интернет може да се види дека сопственик на оф шор компанијата “Адастра груп Корп” во Панама е Миодраг Дака Давидовиќ! За овие сознанија приложувам документи.

Во јавноста е познато дека овие оф шор компании се користат за сомнителни трансакции, за внесување на капитал од сомнително потекло, како и за нагло изнесување капитал на непознати дестинации. Исто така е познато после големата афера “Панама Пејперс” дека оф шор дестинацијата во Панама била омилено место на бизнисмени со сомнителен капитал најчесто стекнуван на просторите на поранешниот источен блок.

Панама е омилено место на бизнисмени кои не мислат дека иднината на регионот на Балканот е во европската и евроатланската интеграција, а еден од нив е и Дака Давидовиќ на кого двоецот Заев и Ахмети му подарија вака вносен бизнис.

Се отвара прашањето дали надлежните институции во Македонија го провериле изворот на средства кои влегуваат во фирмата на Дака Давидовиќ преку неговата оф шор фирма во Панама, кој е изворот на тие средства, како се стекнати?

Исто така легитимно прашање е како и за што ќе се користат средствата кои ќе се заработат од ДУПот во Тетово? Дали ќе бидат испумпувани кон Панама и каде потоа ќе завршат?

Поставувам прашање дали надлежните институции во Македонија го провериле работењето и може да гарантираат за работотата на фирмата “Јелак Градба” чии сопственик е “Адастра груп Корп” од Панама?

Македонија

Заболени
17,977
Мртви
739
Излечени
14,959
Активни
2,279
Last updated: 01/10/2020 - 06:41 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker