Црна Хроника

Ни пари, ни кола – измамени сопружници од Неготино

Сопружници од Неготино биле измамени за сума од 10 илјади евра од 18-годишник од Сопиште за продажба на автомобил, информираат од МВР.

„На 25.09.2020 во 16.30 часот во Полициската станица Неготино, 59-годишна жена од Неготино пријавила дека била измамена од А.М(18) од с.Патишка Река, Сопиште, за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, околу 13.00 часот, таа и нејзиниот сопруг кај нотар во Неготино завериле купопродажен договор за нивното возило „ауди а4“ со А.М., со кого бил и неговиот брат Н.М.. По ова, според пријавеното, заминале за Кавадарци, каде А.М. отишол во банка за да подигне пари во износ од 10.000 евра за исплата на возилото, додека пријавителката, нејзиниот сопруг и Н.М. чекале. Според пријавеното, по некое време и Н.М. им рекол дека ќе оди до банката да види до каде е брат му, но и двајцата не се вратиле, па за кусо време во банката отишле и пријавителката со сопругот, но не ги пронашле ни лицата ниту возилото, по што заклучиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат оттаму.

Македонија

Заболени
30,488
+930
Мртви
982
+5
Излечени
20,448
Активни
9,058
Last updated: 31/10/2020 - 02:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.