Македонија
Ни доаѓа силен дожд: Метео предупредување за попладнево
Во доцните попладневни и вечерните часови локално, на некои места се очекуваат краткотрајни интензивни врнежи од дожд кои можат да предизвикаат локално зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, како и да предизвикаат извесни локални проблеми во одредени делови од населените места, доколку просторно таму бидат сконцентрирани најавените поројни врнежи.
Предупредуваме за претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, како и во деловите од градските урбани средини каде се можни интензивни врнежи во текот на доцните попладневни и вечерни часови од денот.
