Македонија

Несериозен пристап на македонската дипломатија

Gazot pak će go nasapunjaš 🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣

Можеби е меме од текст

Нема оправдување за оддолжувањето на постапката за избор на амбасадори во значајните ДКП-а, вели за Фокус последниот амбасадор во САД Васко Наумовски.

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски, кој е последен македонски амбасадор во САД, во изјава за Фокус вели дека со непополнувањето на амбасадорските места во амбасадите во пријателски држави, како што е случајот и со САД, се испраќа лоша порака и кај државата домаќин, но се создава и претстава за недоволно сериозен пристап на македонската дипломатија воопшто.

-Доколку во минатото се бараше алиби во кохабитацијата, во изминатите три години не може да се најде оправдување за оддолжувањето на оваа постапка за избор на амбасадори во значајните дипломатско-конзуларни претставништва. Дополнителен проблем се и недоволните човечки и финансиски ресурси за соодветно функционирање на ДКП-та, што е еден долгогодишен проблем – објаснува Наумовски.

Тој истакнува дека постојат доволно квалитетни поединци и во МНР и надвор од него кои имаат капацитет соодветно да ја претставуваат државата, меѓутоа, како што потенцира, изборот на кадрите треба да биде заснован на нивното знаење, искуство и дипломатски вештини, со цел тие да можат успешно да одговорат на предизвиците.

-Проблемот е што, при постапката за избор, не секогаш доминираат овие карактеристики, што делува обесхрабрувачки за младите дипломати, како и за оние што имаат желба да работат во македонската дипломатија, и воопшто во администрацијата – посочува Наумовски.

По долгогодишните критики дека државата се однесува несериозно со тоа што остава амбасади во клучни држави без амбасадори, периодов жестоки реакции предизвикаа одредени кадровски решенија за некои дипломатско-конзуларни претставништва, пред се за Њујорк, каде првично беше испратена тв-презентерка без соодветно искуство, но под притисок на јавноста владата ја повлече оваа одлука.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.