Занимливости

Ненад Петрески со предупредување на сите они кои планираат да вложат во фотоволтаици: Поучен од сопственото искуство, проговори со што се соочил

Ненад Петрески поставил сончеви панели со моќност од 15 киловати, инвестиција која што го чинело 15.000 евра.

Иако му било кажано дека ќе ја врати за 13 до 15 години, сега не знае кога и дали воопшто тоа ќе се случи.

Вели недостасува трансапрентност и професионалност кај компаниите кои поставуваат фотоволтаици бидејќи никој не му ги предочил недостатоците на системот, но и дека на неколку години потребно е да се прават ремонти.

„Самиот систем, максималната излезност ако е 15 киловати, во идеални услови он нема да направи повеќе од 12 киловати. Го немате тој систем кој е потребен да одржите квалитетен напон.

Кога немата квалитетен напон, неможете правилно да ги користите апаратите за домаќинството. Значи замена на фотоволтаичниот систем со системот на ЕВН во моментов е само трик, не е вистина.

Вели во развиените земј системот е поставен поинаку откај нас и тоа мора да му се објасни на секој кој ќе се одлучи да постави фотоволтаици.

„На запад има гасификација која претежно домаќинствата ја користат и за греење и за ладење, ја користат и во кујната. Фактички користењето на електричната енергија отпаѓа само на неколку апараит во домаќинството.

Тоа се фриждиер, феновите, микровалните печки и осветлувањет. Таму побарувачката на енергијата е сведена на минимум. И таму ваквиот систем, и таа побарувачка која е сведена на минимум, може да му ја дозволи на семејството како замена.

Алтернативните систем се добро, меѓутоа бараат сериозен пристап од страна на државата. Кај нас сериозноста на пристапот е оставен на фирмите кои местат“, вели Ненад за емисијата Детектор.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.